fbpx
ВестиДвор и градинаМакедонија

Декоративните ѕвезди хит во празничниот декор

Иако сѐ уште е рано за да ја почувствуваме празничната атмосфера, барем во кругот на семејството, сепак токму како празниците со себе да носат надеж за нов почеток и попријатен семеен амбиент.

Веројатно поради целата сива атмосфера која генерално надвладеа како последица на пандемијата, човечки е, особено сега, постојано да се трага по нешто што ќе ни го развесели духот и ќе ни донесе ведрина во секојдневието.

Иако сѐ уште е рано за да ја почувствуваме празничната атмосфера, барем во кругот на семејството, сепак токму како празниците со себе да носат надеж за нов почеток и попријатен семеен амбиент.

Познатите комерцијални брендови веќе излегоа на пазарот со своите празнични реклами, додека креативната индустрија веќе разви концепти во кои вклучи мотивирачки пораки директно инспирирани од ситуацијата во која сите се наоѓаме.

Така доаѓаме и до моментот – празничен декор, кој во значаен дел може да ни помогне да си го подобриме расположението преку топлата и пријатна домашна атмосфера.

Тоа не значи дека треба да потрошиме многу пари на декорации, туку напротив, да ја вклучиме фантазијата и инспирирани да се потрудиме со малку материјални средства да постигнеме ефективна, празнична атмосфера.

Неколку години наназад, хит во празничниот декор се украсните ѕвезди. Во различни големини и израаботени од различни материјали, поединечни или вклопени во сетови, овие магични декорации имаат голема заслуга за празничното разубавување на многу домови ширум светот.

https://fashionel.mk/kultura/arhitektura/dekorativnite-dzvezdi-vo-domot-povtorno-se-najavuvaat-kako-hit-vo-praznichniot

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close