fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Обештетување за африканската свинска чума

Во Делчевско почна уништувањето на свињите заради ширењето на свинска чума

Стотина свињи во делчевските села Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен  се уништуваат, се закопуваат во специјална јама кај градската депонија во Делчево. На терен се сите институции за да се уништат сите свињи во радиус од три километри околу делчевско Драмче, каде што се појави и првиот случај на африканска свинска чума. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски на делчевските одгледувачи на свињи им порача дека ќе бидат обештетени, а акцијата се прави со цел да се запре ширењето, кое може да има големи економски штети врз македонското свињарство.

Во акцијата за уништување на свињите во кризното подрачје на делчевскиот регион се вклучени сите институции. Целта е да им се укаже на сите одгледувачи во Делчево дека оваа акција мора да се реализира, со цел да не трпат околу 10.000 семејства во земјава, кои егзистираат од свињарството.

Засега не се откриени нови жаришта и нови случаи на африканска свинска чума. Најдоцна до крајот на месецов ќе биде спроведен и вонреден попис со клинички прегледи на свињите во фармите до Штип и Пробиштип. Африканската свинска чума е екстремно заразно заболување, што не е опасно за луѓето, но може да уништи бизни од 100 милиони евра. Пари кои остануваат во македонската економија. Црна Гора веќе го збарани увозот на свинско место од нашата земја по првиот случај  на африканска свинска чума. Пренесува .https://telma.com.mk/2022/01/11/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close