fbpx
ВестиТоп вести

Свинското нема да поскапи за Велигден и Први мај

Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи.

Според Ефтим Шаклев од Групацијата, производителите сакаат македонските граѓани претстојните празници да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на ЕУ порасна за минимум 30 отсто.

-Зголемувањето на цената на европскиот пазар за минимум 30 отсто се должи на големата побарувачка на свинско месо од Кина. Штом има побарувачка, расте и цената, изјави Шаклев.

Тој засега не открива дали по празниците ќе има поскапување, само вели дека договори ќе има.

Производителите остануваат на барањето за декларацијата на месото во угостителските објекти и продавниците, а своите решенија заедно со Организација на потрошувачи ќе ги презентираат по претседателските избори. 


 

fokus

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close