Пчеларите бараат еднаков третман со другите земјоделски гранки

Пчеларите бараат еднаков третман со другите земјоделски гранки

Трета година едноподруго регионот на Македонски Брод, Порече и Кичевијата се соочуваат со енормно лоши климатски услови за пчеларење. Според изјавите на пчеларите, веќе со години нивните приходи од оваа дејност се нула, а трошоците за опремата и за репроматеријалите се двојно зголемени и повеќето од долгогодишните пчелари размислуваат да се откажат или барем да ги преполоват пчелните семејства. – Ако до претходната година во нашиот регион имаше тренд на зголемување на бројот на младите…

Повеќе...

Пчеларите од Кочанско позадоволни од приносите на мед во споредба со лани

Пчеларите од Кочанско позадоволни од приносите на мед во споредба со лани

Шест до седум килограми мед по кошница во просек добија годинава пчеларите од кочанскиот регион, со што оценуваат дека сезоната е многу подобра во споредба со лани. Со остварените приноси ќе се задоволи побарувачката на домашникот пазар, а со цената од 400 денари, што ја сметаат за прифатлива за купувачите, ќе можат да се покријат поголем дел од производните трошоци. На дводневната манифестација Денови на медот, што во организација на еколошкото пчеларско здружение „Златна кошница“…

Повеќе...

Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги префрлат на паша на повисоките делови. Пчеларите од штипскиот регион годинава повторно ќе бележат ниски приноси на медот во споредба со подобрите години, но и со приносите на медот на пчеларите од останатите региони во Источна Македонија. Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги…

Повеќе...

И годинава малку мед, а субвенциите ниски, велат пчеларите

И годинава малку мед, а субвенциите ниски, велат пчеларите

Пчелари од Струга, Битола, Виница, Охрид, Прилеп и Струмица викендов имаат можност да презентираат мед, пчелни производи и опрема на 4. Саем на медот во Струга. Саемот го организира Здружението на пчелари „Матица“ од Струга како дел од проектот „Органска фарма – рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој“ имплементиран од здружението „Рурбан култ“. Претседателот на здружението „Матица“ Шефит Шемшедини за МИА вели дека ваквите манифестации се одлична можност…

Повеќе...

Пчелари од Малта во посета на дебарскиот регион

Пчелари од Малта во посета на дебарскиот регион

Група пчелари од Малта денеска престојуваа во Дебар, како гости на дебарските пчелари. Тие го посетија пчеларникот на познатиот дебарски пчелар Блаже Петревски, кој поседува и соодветен сертификат за еко производство. Според Петревски, гостите од Малта биле многу задоволни од квалитетот на медот и не ја отфрлаат можноста дебарскиот мед да се најде во трговската мрежа во Малта. – Заедно со другите пчелари ги запознавме со активностите на пчеларските друштва, локациите каде најчесто ги поставуваме…

Повеќе...

Пчеларите очекуваат добра година

Пчеларите очекуваат добра година

Од 25 до 30 килограми мед по пчелно семејство очекуваат одгледувачите на пчели во претстојната производна сезона. Се надеваат на добра година зашто условите засега се поволни. – Пчелните семејства добро се развиваат поради што и предвидуваме дека ќе го достигнеме просекот од добрите години кога произведувавме по 25 – 30 килогрими. Ако временските услови дозволат, не е исклучено да произведеме уште повеќе, до 50 килограми, па дури и 100 колку што е максимумот кај…

Повеќе...

Пчеларите од охридскиот регион се жалат на ланските априлски мразеви

Пчеларите од охридскиот регион се жалат на ланските априлски мразеви

Ланската катастрофална година со крајно лошите приноси на мед лошо ќе се одрази врз развојот и опстанокот на пчелните семејства оваа пролет. Охридските пчелари се загрижени за опстанокот на пчелите. Периодов најмногу ќе се почувствуваат последиците од минатогодишните априлски мразеви кои направија хаос во пчеларството и овоштарството. „Јас сум 27 години пчелар, ваква година не памтам. Јас досега не давав никакви прихрани, претходнава година бев приморан да дадам за да останат во живот самите пчелни…

Повеќе...

Доделени се медоносни дрвца на пчеларите од Македонска Каменица

Доделени се медоносни дрвца на пчеларите од Македонска Каменица

Здружението на пчелари  „Еко кам мед“ од Македонска Каменица додели 360 медоносни садници на членовите на пчеларското здружение. Како што истакна претседателот на друштвото Боге Јанковски  поделени се медоносни дрвца од видовите „Styphnolobium japonicu“ и„evodia“ кои пчеларите треба да ги засадат во своите пчеларници за да се подобри приносот на мед. – Засадувањето на овие дрвца е важно и од голема корист на пчеларите, бидејќи овие дрвја цутат во подоцните месеци во годината, кога веќе…

Повеќе...

Медарите од Прилеп и Варна потпишаа Меморандум за соработка

Медарите од Прилеп и Варна потпишаа Меморандум за соработка

Според Дејан Бошкоски, претседател на здружението на пчелари од Прилеп, ова е прв ваков меморандум со пчеларите од двете земји со цел воспоставување соработка и размена на искуства.

Повеќе...

Пчеларите бараат прогласување на елементарна непогода

Пчеларите бараат прогласување на елементарна непогода

Охридските пчелари заедно со оние од Струга и Ресен побараа од надлежните да се прогласи елементарна непогода на национално ниво, досега не е забележана ваква појава на недостиг од мед. Состојбата од година во година станува се полоша сметаат експертите.

Повеќе...

Николовски: Неопходни се системски мерки за поддршка на пчеларството

Николовски: Неопходни се системски мерки за поддршка на пчеларството

– Свесни сме дека оваа година поради временските прилики беше исклучително тешка за целиот земјоделски сектор, вклучувајќи ги тука и пчеларите кои претрпеа големи штети поради ниските температури и сушата. Како ресорно министерство сме во постојан контакт со пчеларските здруженија и со Сојузот на пчелари на Македонија со цел да најдеме соодветни мерки за решавање на проблемот, истакна Николовски.

Повеќе...

Пчеларите бараат закон владата нуди мерки

Пчеларите бараат закон владата нуди мерки

Пчеларите од охридско-преспанскиот регион уште пред безмалку две месеци покренаа иницијатива за прогласување на елементарна непогода на национално ниво. Укажаа дека неповолните климатски услови се причина за лошата пчеларска сезона, која стравуваат дека не само ќе продолжи, туку и ќе предизвика уште покатастрофални последици по пчеларството. Пчеларите упатија и апел до надлежните институции, предлагајќи соодветни мерки кои итно треба да се превземат, бидејќи од пчеларство живеат илјадници семејства.

Повеќе...

Пчелари од Делчево и Благоевград ќе формираат здружение

Пчелари од Делчево и Благоевград ќе формираат здружение

На првата заедничка средба во Делчево разговараа како да се справат со изумирањето и болестите на пчелите. Поради глобалното затоплување и употребата на пестициди, пчеларството, рекоа, претрпува големи штети. Смртноста кај одредени пчеларници годинава достигнала 20 до 80 отсто, а продукцијата се свела на два до четири килограми мед.

Повеќе...

Тешка година за пчеларите

Тешка година за пчеларите

Да се прогласи елементарна непогода, а владата финансиски да интервенира со цел да се намалат загубите, бараат пчеларите од источниот дел на државата. Да се прогласи елементарна непогода, а владата финансиски да интервенира со цел да се намалат загубите,  бараат пчеларите од источниот дел на државата. Тврдат дека годината е катастрофална, приносите од мед се минимални, а сушата е причина за угинување на околу 50% од пчелните семејства. Годинава ќе нема мед, а она што…

Повеќе...

ОХРИДСКИТЕ ПЧЕЛАРИ РЕАГИРААТ ОВОШТАРИТЕ УПОТРЕБУВААТ НЕСООДВЕТНИ ХЕМИСКИ ПРЕПАРАТИ

ОХРИДСКИТЕ ПЧЕЛАРИ РЕАГИРААТ ОВОШТАРИТЕ УПОТРЕБУВААТ НЕСООДВЕТНИ ХЕМИСКИ ПРЕПАРАТИ

Пчеларите бараат од овоштарите да употребуваат соодветни хемиски препарати за третман на овошните култури. Употребата на несоодветни хемиски препарати индиректно негативно влијаат врз квалитетот на медот, на пчелните семејства, но и врз родот на овошките кои зависат од опрашување на пчелите, укажуваат пчеларите. Минатата година пчеларите побарале од Центарот за јавно здравје да им помогне за да се намали штетното влијание од прскањето, но досега ништо од тоа. Меѓусебна соработка на охридските пчелари и овоштари…

Повеќе...

АХВ да го провери квалитетот на медот во маркетите, бараат пчеларите

АХВ да го провери квалитетот на медот во маркетите, бараат пчеларите

Пчеларите од Делчево и Македонска Каменица бараат Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да го испита квалитетот на увезениот мед кој се продава во маркетите за 200 денари. Воедно апелираат потрошувачите да не го купуваат зашто, како што оценуваат, се работи за фалсификат. Бараме АХВ да изврши проверка на медот кој според нашите сознанија во голем дел е фалсификуван. Тоа не е мед, тоа се сахариди со примеси од што најмногу страдаат граѓаните. Цената, пак, од 200 денари…

Повеќе...

Штипските пчелари ќе го пошумуваат локалитетот „Клисибаир“

Штипските пчелари ќе го пошумуваат локалитетот „Клисибаир“

Вкупно 1.500 садници багрем за пошумување локации кои беа зафатени со пожар, набави Општина Штип на иницијатива на Здружението на пчелари „Нектар“. Како што информира денеска советникот за екологија во Општината Влатко Панев, дрвцата ќе бидат засадени во опожареното место Клисибаир. – Се надеваме дека оваа практика ќе стане традиција. Со неа ја најавуваме и пролетта, убавото време, и апелирае до сите граѓани што помасовно да ги засадуваат опожарените места, рече Панов на прес-конференција. Според…

Повеќе...

Пчеларите бараат повисоки субвенции

Пчеларите бараат повисоки субвенции

Од Федерацијата сметаат дека државата треба да го зголеми надоместот од 600 на 1.000 денари за пчелно семејство, пчелни матици, и за садници за пошумување со медоносни растенија. Целта е да се направи брендиран македонски мед, квалитет за извоз, велат пчеларите. ­

Повеќе...

Наскоро започнуваат обуките за пчелари од неготинско

Наскоро започнуваат обуките за пчелари од неготинско

Пријавувањето на обуката започна во јули и во првата група до сега имало пријавени 34 учесници а потоа избрани само 25 учесници, колку биле и предвидени за првиот циклус од обуката.
Планирани се 70часа, теоретски и практични предавања. На обуката учествуваат и почетници и веќе обучени (искусни) пчелари.

Повеќе...

Продолжен рокот за обуките за пчелари

Продолжен рокот за обуките за пчелари

Обуките ќе се спроведуваат во соработка со О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ќе опфатат: производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месец август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.

Повеќе...

Пчеларите бараат заштита од фалсификаторите на мед

Пчеларите бараат заштита од фалсификаторите на мед

Мед да се купува само од проверени производители, кои пчелините семејства ги чуваат во чиста околина и не користат додатоци во нивната исхрана. Пазарот е преполн со фалсификувани пчелини производи, особено на зелените пазари. Наместо корисни состојки, овој мед содржи само шеќер и нема никакви лековити својства.

Повеќе...
1 2