fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Просперитетот на земјоделието нѝ зависи од човечкиот капитал

Напомош на земјоделците се и средствата од ИПАРД 2 Програмата, каде само за 2019 година, се исплатени околу 8 милиони евра.

Од наш агол

Просперитетот на државата ни зависи од човечкиот капитал, следствено на ова просперитетот на македонското земјоделство зависи од младите земјоделци. Но, дали и колку нашата држава ги поттикнува младите да се занимаваат со земјоделство? Што направила досега за да ги поттикне младите да почнат да ја обработуваат земјата, да чуваат стока, да произведуваат храна и што е најбитно да не мислат на иселување?

Со неповратна финансиска помош од 20 илјади евра власта ги мотивира земјоделците да останат на село на старите огништа и да произведуваат храна. Оваа демонстрација на грижа за едни е реална и прифатлива за други не. Многумина гласно размислуваат дека секоја помош е добредојдена, но не е доволна. Што е со севкупните услови со земјоделскиот сектор, со обезбедениот откуп и откупната цена, што е со скапите репроматеријали, со напредната  технологија и механизација? Дали во една ваква ситуација младиот земјоделец ќе може да ги покрие производните трошоци и да му остане за живот? Дали добивката ќе заврши кај вистинскиот земјоделец или кај накупецот?

Рурален развој

Напомош на земјоделците се и средствата од ИПАРД 2 Програмата, каде само за 2019 година, се исплатени околу 8 милиони евра. Експертите укажуваат на фактот дека реализацијата на ИПАРД програмата е клучна за модернизација и унапредување на домашниот агро–сектор. Но фактите говорат друго дека парите кои се добиваат од ИПАРД фондовите за руралниот развој, а кои се наменети за опрема и механизација не се доволно искористени.

Субвенции

Нашата држава останува да биде увозно зависна земја, веќе години назад ова го потврдуваат статистичките податоци. Субвенциите, такви какви што се, засега  успеваат да ги зголемат производството и извозот на овошје и зеленчук, ама тоа не е доволно за да ја намалат зависноста од увозот.

Земјоделците и самите признаваат дека субвенциите не се доволни за подобрување на состојбите во аграрот. И натаму проблем прават ниската продуктивност, отворените граници, сè поголемиот увоз на производи и едноставно не не прават конкурентни.

Стратегија

Сепак сите во едно се сложуваат дека секоја земја има одговорност да донесе стратегија за развој на земјоделието и благосостојба на жителите во руралните средини. Со стабилна ефикасна и долгорочна политика да одговори на новите предизвици. Земјоделците мора да знаат дека државата има стратегија да се справи со ефектите од климатските промени. Да го трасира патот на развојот на земјоделството во заедништво со прехранбената индустрија, и двете да имаат одржлив развој.

 

Христина Фуна

Слични написи

Back to top button
Close