
МЗШВ објави три јавни повици за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година
НОВА ВЕСТ! Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Најмногу 10.000 евра ќе можат да добија земјоделските стопанства кои ќе се јават на трите јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година за инвестиции во машини и друга опрема.
Повиците се објавени денеска, а крајниот рок за доставување на барањата е 11 јули 2025 година.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, со повикот број 05/2025 се покриваат инвестициите за набавка на машини за разбивање на мраз, за набавка на системи против замрзнување, за заштитни мрежи и заштитени фолии, за набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода, како и за инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.
Јавниот повик број 06/2025, пак, се однесува на набавка на приклучна земјоделска механизација, а јавниот повик број 07/2025 ги покрива инвестициите во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем и инвестициите во опрема за производство на вино, алкохолни пијалаци и пиво од мал обем.
Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.