fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата ќе складира и резерви на ориз

Предлогот е оризот да влезе како стратешка култура во набавката на стокови резерви

Владата на денешната седница утврди законско решение според кое оризот треба да влезе во листата на производи кои ќе се чуваат како стокови резерви во земјата.

„Утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковите резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа“, соопшти Владата по седницата.

 

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, лани нагласи дека оризот не е влезен во интервентните мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубре, но дека се планира да се вклучи во државните стокови резерви како помош на земјоделците во пласманот на произведените количини.

 

Предлогот е оризот да влезе како стратешка култура во набавката на стокови резервиhttps://faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close