fbpx
ВестиСовети

4 СУПЕР БРЗИ ЗИМСКИ ДИЕТИ

4 vida zimski dieti

* Хипокалорична

Оваа диета со малку калории е соодветна за луѓе што многу време поминуваат седејќи, а забранета за трудници или додека интензивно се работи. Идеална е кога сакате да ослабете само 2-3 кила затоа што дозволува брзо слабеење без ризик по здравјето. Направете табела на калориите и почнете ја првата недела со мени од 800 калории. Втората недела смеете бројот на калории да го покачите на 1200. Оваа диета не држете ја подолго од еден месец.

Мени од 800 калории

* Доручек: кафе со немасно млеко + 50 г леб со домат и малку маслиново масло + 40 г немасно сирење или шунка
* Ручек: салата од зеленчук варен на пареа + месо или риба или школки или јајца + 1 овошка
* Вечера: порција варен или свеж зеленчук во салата + туна од конзерва или сардинини или сирење или шунка + 4 ореви или бадеми + 1 овошка

***

* Мајо диета
Најдрастична е бидејќи дозволува слабеење за до 8 кг во рок од 15 дена. Никогаш не држете ја подолго од 2 недели. Има исто толку критичари колку следбеници, меѓу кои има доста холивудски ѕвезди кои мораат брзо да симнат килограми за некој филм или аудиција. Забранета е ако имате проблеми со црниот дроб или холестеролот, поради секојдневното конзумирање јајца. Делотворна е во итни ситуации и мотивира, бидејќи резултатите брзо се гледаат, но досадна е, а се губи и мускулна маса.

Доручек: 1. недела: 1 или 2 тврдо варени јајца + домат + чај; 2 недела: чај или кафе + кришка леб или порција нарендан морков
Ручек: 1. недела: 2 тврдо варени јајца + овошје + 1 порција зеленчук или кравјо сирење; 2. недела: 2 тврдо варени јајца + месо со салата
Вечера: 1. недела: 2 тврдо варени јајца + овошје + зеленчук или кравјо сирење; 2. недела: 2 тврдо варени јајца + риба со салата


vest

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close