fbpx
ВестиВиноТоп вести

Французите со чаша вино наздравуваат секој ден, а Македонците еднаш неделно

Официјалната статистиката покажува дека полнолетен Македонец годишно пие едвај два литри вино, а неофицијалната статистика пак вели дека најчесто се пие домашно вино и потрошувачката е 20 литри на годишно ниво. Според најновата Студија за потрошувачката во земјата на виното, изготвена од француското Министерство за земјоделство, еден жител во просек дневно пие по една чаша вино.

Македонија како винска земја со 24.000 хектари лозови насади се искачи на 25 место во светот. Најголемиот дел од производството е наменето за извоз, а само 10 проценти останува за домашните трпези.

И покрај тоа што во Македонија во постојан подем е производството на вино и отворање на нови винарници, сепак официјалната статистиката покажува дека полнолетен Македонец годишно пие едвај два литри вино.

Овие бројки се дел од податоците на Државниот завод за статистика за 2018 година каде што се вели дека полнолетните граѓани во земјава просечно испиле 1,9 литри купено вино. Статистиката беше објавена по повод денот на закројувањето на лозјето, Свети Трифун.

Статистичарите исто така  пресметале дека суво десертно вино во шише  на мало се продава  по 368 денари за еден литар.

-Во текот на минатата година, произведени се 132.443 хектолитри бело и 125.216 хектолитри црвено вино во шишиња. Што се однесува пак за виното на точење произведени се 315.433 хектолитри црвено и 245.900 хектолитри бело вино – велат од ДЗС.

Најголемо учество во производство на винова лоза во земјава има Вардарскиот регион  каде се отфатени околу  48,6% од вкупното производство. Потоа следува Југоисточниот со 34,5% опфатеност, Источниот со 5,8% и Скопскиот регион со 3,3%.

Во анализата се вели дека најголем дел од македонското вино наменето за извоз завршува на пазарите во земјите од ЕУ  и тоа околу 66%,а само во Германија извозот е околу 34 проценти.

Во изминативе години во пораст е извозот на македонското вино во Кина. Во последните пет години во 2016 година е реализиран најголем извоз на македонско вино.

Неофицијалната статистика пак вели дека Македонските граѓани пијат многу повеќе вино, бидејќи многумина си прават сопствено, така наречено домашно вино. Со потрошувачката на овој вид на вино просечно секој Македонец пие по 20 литри годишно.

Интересен е податокот дека во една од највисоките земји во Европа, Франција драстично е намалена потрошувачката на вино. Според најновата Студија за потрошувачката на овој традиционален пијалок во земјата на виното, изготвена од француското Министерство за земјоделство, еден жител во просек дневно едвај пие по една чаша вино.

Така на  француските трпези  во последните пет години, сè повеќе има газирани и негазирани пијалаци, отколку вино. Оваа студија покажала дека дневно вино пијат само околу 17 отсто од жителите во Франција, што е голем пад наспроти 21 отсто пред пет години.

Земјоделските стручњаци сметаат дека причината за намалената потрошувачка на вино се должи на  препораките на докторите,но и на промена на вкусовите на потрошувачите. Исто така бројките велат дека во 1980 година во Франција, виното се служело во просек на секој втор оброк, сега се послужува на секој чевтврти оброк. Целиот текст може да се прочита на следниот  ЛИНК.

Извор: Вечерпрес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close