fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во македонските пчеларници сè почесто има засадени дрвца пауловнија

Медоносни и корисни за пчелните семејства

Во македонските пчеларници сè почесто има засадени дрвца пауловнија, затоа што се медоносни и корисни за пчелните семејства, пренесува faktor.mk

Како медоносно дрво, пауловнијата е многу значајна за пчеларите. Покрај квалитетниот мед од големо значење е и фактот дека цветовите се многу богати со нектар и на пчелите на тој начин не им е потребно да посетуваат многу цветови. Се смета дека од еден хектар пауловнија пчелите можат да соберат од 900 до 1000 килограми нектар.  Медот од пауловнија служи како лековито средство.

„Корисна е, но треба и наводнување. Јас немам засадено, но имам пријатели во селото што имаат насадено. Сум слушнал дека ја садат многу. Тие дрвја многу брзо растат. За 10 години ќе бидат големи и дебели дрвја. Багремот ако поднебјето одговора може исто така да се засади. Во потополите места, во Скопје, Повардарие одговара климата за садење на багрем, а во Македонски Брод не. Детелината исто е корисна ако ја има во близина“, вели Венко Маркоски, пчелар.

Оние кои засадиле пауловнија во пчеларниците додаваат дека кога дрвцата цутат, глетката  е рај за очи.

„Ние сме пчелари, продаваме мед. И во пчеларникот имаме засадено пауловнија веќе 4 години. Сега дрвцата цветаат. Имаат голем и убав цвет. Во зависност од семето ги има и со бела боја, розева и виолетова и се многу убави. Семето го земав од Србија, а тука ги садевме во леи, ги расадувавме и сите испаднаа во различни бои. И во двор имам засадено пауловнија. Се едуцирав дека е многу медоносна и добра за пчелите. Во пчеларникот имаме 6-7 дрвца пауловнија и плус толку багреми и други дрвца кои се добри за пчелите. Корисни се во секој случај. На интернет сме читале дека е корисна и сме засадиле пауловнија. Нормално е дека колку повеќе ги има, тоа е подобро за пчелите, тие собираат храна“, додаваат од пчеларникот „МИА-би“ од Кавадарци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close