fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ико Алексов вреден сточар одгледува 320 овци

Поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет се зголемува од 400 на 1000 денари.

Министерот Њупчо Николовски денс беше во поета на Свети Николе и во рамки на теренските активности оствари посета на Ико Алексов, вреден и посветен сточар од селото Горно Црнилиште, кои заедно со своето семејство одгледуваат околу 320 овци. Задоволен е од мерките што се креирани за поддршка на сточарството.

Оваа 2024 година поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет се зголемува од 400 на 1000 денари. Даваме поддршка и за поголема плата на овчарите од 360.000 денари, на 620.000 денари, по овчар. Имаме поставено цел двојно да го зголемиме буџетото за сточарско производство од 35 милиони на 70 милиони евра годишно. Затоа со право велиме дека оваа година е година на сточарството.

 Министерот Николовски оствари посета и на сточарот Јорданчо Павлов од селото Долно Црнилиште и младиот земјоделец Дејан Петковски, кој се вратил од Германија и започнал да се занимава со земјоделство, користејќи  ја поддршката за малади земјоделци, преку програмата за рурален развој и подигнува лозови насади.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close