fbpx
ВестиТоп вести

Законот за трговија на пазарите наместо ред донесе проблеми?!

Јавна расправа  во Собранието на Р Македонија за Законот за трговија на зелените пазари, најави  Министерот за економија Крешник  Бектеши. Од оваа расправа ќе треба да произлезе одлука со која ќе се знае што понатаму со Законот  што стапи на сила на почетокот на годината, а беше донесен по скратена постапка минатата година.

Законот  доведе состојба која ниту од далеку не наликува на ред во пазарите. Забелешки на Законот имаат  и тезгаџиите и организаторите на пазарите.

Тезгаџиите бараат целосно укинување на законот кој предвидува лиценца за секој тезгаџија, со што ќе се оптовари нивниот буџет. Тезгаџиите  не сакаат лиценци, а организаторите не може да склучат договори за издавање на тезги без поседување на лиценца. Со законот засегнати се повеќе категории на луѓе кои до сега имаа можност да закупат тезга: пензионери, стечајци, социјални случаеви.

Дали Законот ќе се одложи или ќе  претрпи измени  зависи од пратениците.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close