fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

И до 100 проценти штети кај овоштарите во Росоман

Над 600 овоштари пријавиле штети од пролетен мраз во Росоманско

Над 600 овоштари пријавиле штети од пролетен мраз во Росоманско, потврди за МИА росоманскиот градоначалник Бранко Јанев. Тој нагласи дека штети има кај овошките во поголем дел од територијата на општината.

– Се работи за досега најголеми штети. Тие, според првичните согледувања, на некои места изнесуваат и до стотина проценти. Сето тоа е последица на пролетниот мраз од првата половина на месец април кога имаше ниски температури во нашиот крај, инаку најголем регион за производство на праски во државата, појасни градоначалникот.

Тој потсети дека е формирана општинска комисија за проценка на штетите. Оштетените овоштари се пријавија во локалната самоуправа на повик на таа комисија. Ќе се изврши увид на лице место и потоа проценките за штети ќе се достават до Министерството за земјоделство, со цел оштетените да добијат обесштетување.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close