fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ни за дневница од 2.400 денари никој не сака да бере грозје, јаболка, праски…

Сезонски работници нема ни за лек, а сè помалку луѓе се одлучуваат за дневници да работат на нивите низ Македонија. И покрај тоа што дневниците не се воопшто ниски и изнесуваат од 1.200 до 2.400 денари, берачи тешко се наоѓаат. Нашите не сакаат да работат за овие пари, а албанските сè помалку ги има. Оние земјоделци кои имаат помали површини сами си го берат грозјето со роднини, пријатели, но тие што имаат поголеми површини и повеќе хектари со лозје, јаболка мораат да ангажираат берачи

Потребата за ангажирање сезонски работници во летните месеци е голема, но интерес за сезонска работа нема. Сезонски работници нема ни за лек, а сè  помалку луѓе се одлучуваат за дневници да работат на нивите низ Македонија. И покрај тоа што дневниците не се воопшто ниски и изнесуваат од 1.200 до 2.400 денари, берачи тешко се наоѓаат. Нашите не сакаат да работат за овие пари, а албанските сè помалку ги има, пишува Вечер.

Оние земјоделци кои имаат помали површини сами си го берат грозјето со роднини, пријатели, но тие што имаат поголеми површини и повеќе хектари со лозје, јаболка мораат да ангажираат берачи.

-Во државата тешко се наоѓаат работници за берба. Поради тоа последните неколку години се ангажираат работници од надвор, најмногу од Албанија, но само за јаболка и праски. За берба на грозје најчесто доаѓаа работници од Истокот, но сега и тие ги нема, заминати се да работат на европските ниви за повисоки дневници. За берба на грозје се плаќа по 1.200 денари за 5 часа, а секој час плус се плаќа дополнително. Така што за еден ден, односно за 10 часа работа може да се заработи и до 2.400 денари, што не е малку со оглед на тоа дека последниве години откупните цени на грозјето се многу ниски, вели Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари“.

За берба на грозје, како што вели, секој се снаоѓа како што знае и умее. Поради недостиг на работна сила најчесто ги викаме роднините и пријателите на помош, но не можеме да се потпреме само на нив, вели тој.

И во Преспа ситуацијата е слична, за берење на јаболка дневно се потребни од 700 до 1.000 работници, а овоштарите последниве години сè почесто ангарираат берачи од Албанија.

– Локалното население и покрај тоа што 30 до 40 дена е ангажирано во берба на јаболка, нема да може да постигне да ги обере сите јаболка, бидејќи 95 отсто од населението од овој крај има сопствени насади со јаболка. Оние што имаат да наберат повеќе од 300 гајби ќе им требаат сезонски работници. Обично бројот на работници кои се ангажираат варира во зависност од површината на засадени јаболка. За да се наберат од четири до пет илјади гајби, потребни се 5-6 берачи, а има овоштари кој ангажираат од 8 до 12 сезонски работници за берба. Бербата во просек трае 30 дена и ако не се обезбедат работници, можно е поголем дел од јаболката да останат необрани, вели Здравко Лазаревски, овоштар од Преспа.

Тој додава дека албанските берачи, кои најчесто се ангажираат за берба на јаболка, лани барале од 1.500 до 1.600 денари дневница, но вели дека годинава нема да се согласат да работата за иста дневница.

Според земјоделците, мора да се имплементираат мерки што ќе помогнат да се намали одливот на сезонските работници во странство за време на сезонските интензивни берби. Кога станува збор за старосната структура на сезонските работници, најзастапена е групата од 45 до 60 години. Помладата популација не е толку заинтересирана да се занимава со сезонски работи.

Според проценките, во Македонија во моментов се потребни меѓу 5.000 и 10.000 сезонски земјоделски работници.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close