fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ-Ги разбираме сточарите кои се во исчекување на субвенциите, но ги замолуваме да имаат и тие разбирање за нас поради пандемијата

Земјоделците ќе ги добијат парите од субвенциите до крајот на јуни

Од Mинистерството за земјоделие велат дека согласно календарот, исплата на субвенциите ќе се изврши најдоцна до крајот на јуни, објави телевизија Тера.

„До овој датум, исплатата тече редовно за што зборува и фактот дека, по Програма за финансиска поддршка на земјоделството, досега имаме исплатено вкупно  1.507.098.147,00 денари и согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој од почетокот на годинава до денеска имаме исплатено околу 570 милиони денари.

Ги разбираме сточарите кои се во исчекување на субвенциите, но ги замолуваме да имаат и тие разбирање за нас бидејќи целиот процес е многу успорен поради пандемијата. Министерството и Платежната агенција работат со намален капацитет поради ротациите на вработените и поради безбедносните мерки за заштита на здравјето. Сепак, вложуваме големи напори сите апликации да бидат обработени и секој земјоделец кој ги исполнил условите да си ги добие парите.

Дека исплата се одвива тековно и покрај корона кризата, зборуваат фактите дека од почетокот на годинава до сега, исплатени се следниве средства:

На 12. февруари Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади исплати вкупно 550.741.044 денари. Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали

  • земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“.
  • На 5. март, на сметките на 23.524 субјекти исплатени се над 512,5 милиони денари на име субвенции:

– 411,5 милиони денари, директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот,

-54,5 милиони денари на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години и

-над 46 милиони денари за сите кои имаат заклани амортизирани несилки во регистриран кланичен капацитет.

Исто така, Владата преку Ковид мерките обезбеди и исплати средства за помош на лозарите во вредност од  377,7 милиони денари, а со со мерката 21 од петтиот пакет економски мерки на Владата, обезбедивме 307,5 милиони денари за поддршка на тутунарите.

Ова само го потврдува фактот дека сите земјоделци треба да бидат спокојни и да имаат доверба. Никој нема да биде оставен сам да се се снаоѓа во услови на светска криза. Но, за се треба време и трпение. Најважно е дека субвенциите ќе бидат исплатени“, се вели во одговорот на Министерството за земјоделие.https://tera.mk/

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close