fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Договор за платите не е постигнат

–Нема договор очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал.Дури се дрзнаа денеска да бараат за нив за они да опстојат, а ние работниците кој, каде , како ќе најде, значи еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, вели првиот синдикалец, Дарко Димовски по вечерашната средба со владата.

Со генерален штрајк и со протест пред СОбрание на 10 февруари се заканија денеска демонтрантите од СОјузот на стопански комори, доколку не се донесе закон за минималната плата, со кој ќе се гарантираа таа да биде во висина од 18.000 денари.

Вчера  се одржа уште еден состанок на работодавачите и синдикатот во Владата, но повторно не бил постигнат договр, како и пред два дена.

–Нема договор очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал.Дури се дрзнаа денеска да бараат за нив за они да опстојат, а ние работниците кој, каде , како ќе најде, значи еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, вели првиот синдикалец, Дарко Димовски по вечерашната средба со владата.

Тој додава дека на средбата Владата излегла со одлична анализа. 

-За тоа ја охрабрувам влдата затоа што гледам дека е на наша страна, еднаш цврсто да застане рамо до рамо сo работникот и да го даде она што го бараме, да не се молиме за минимлана плата од 18.000 денари, вели Димовски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека имало напредок на денешниот состанок.

„Заедничкиот заклучок е дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата е неприфатлив за ниту една страна. Тој модел не генерира достоинствено зголемување на минимална плата, не одговара на реалните потреби на работниците и во суштина го отфрливме, тоа е еден до заклучоците“, рече Битиќи.

Во понеделник, Економскиот совет треба да ги разгледа предлозите на сите засегнати, а од Бизнис конфедерацијата побарале да се субвенционира исплатата на минималната плата, за што Битиќи вели дека треба дополнително да се анализира.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close