fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со повремен дожд

УХМР информира дека локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме

Денеска нè очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, а максималните ќе се достигнат од 10 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите во Скопскиот регион ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени.

Променливо облачното време ќе се задржи и утре, а УХМР најавува повремен пороен дожд претежно во југоисточните региони.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close