fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со утринска магла по котлините

Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени. Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close