Агро бизнисБез категоријаВести

До крајот на октомври треба да се исплатат 3 денари за кг. предадени пченица и 12 илјади денари за хектар јачмен

Асоцијацијата на Петре Стојкоски ја потсетува Владата да ги исплати 3 денари за кг пченица и 12 илјади денари за хектар јачмен

Асоцијацијата на земјоделци чии претседател е Петре Стојкоски го потсетува МЗШВ дека се наближува терминот за исплата на 3 денари по килограм на предадена или складирана пченица и јачмен.

Стојкоски во изјава за Зелена берза вели дека терминот за исплата на парите е до крајот на октомври па оттука ја потесетуваат Владата дека ветените средства помош за производителите на пченица и јачемен треба да се реализраат. Стојкоски вели дека цената на пченицата на берзата е нецели 10 денари за килограм што не ги покрива трошоците на производителите, па Владата треба да го реализира ветувањето за помош на земјоделците.

 

А.Блажевска

Поврзани новости

Back to top button