fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Општина Дебрца апелира водата за пиење да не се користи за наводнување

Водата за пиење да не се користи за наводнување на земјоделски култури, тревници и дворни места, особено во овој период од годината кога има зголемена потрошувачка, апелира Општина Дебрца.

Капацитетот на доводните цевководи и резервоарите за вода, како што информира градоначалникот Зоран Ногачески, не е предвиден за наводнување на земјоделски култури, туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата.

– Имајќи предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс, треба рационално и одговорно да се троши. Ненаменското трошење на водата за пиење доведува до недостиг од вода за домаќинствата, особено за оние кои се во повисоките зони на населените места, вели Ногачески.

Пумпните станици, доводните цевководи и резервоарите, додава, се димензионирани според водоснабдителна норма потребна за домаќинствата, а не за наводнување.

– Максимално работат двете пумпни станици во Свети Еразмо и во селото Требеништа, во резервоарот во село Оровник вода влегува максимално, но и максимално се троши, посочува Ногачески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close