fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Државата почна со распределбата на државното земјоделско земјиште

Рекоден број на земјоделци се пријавиле на јавниот повик за обработка на државно земјоделско земјиште. Речиси 300 заинтересирани земјоделци поднеле апликација за користење на државно земјиште наменето за обработка на житни култури. На располагање се ставени 6.000 хетари земјиште во 14 региони низ државата на повеќе од 600 целини. 

Првата фаза за распределба на државното земјоделско земјиште кое ќе се стави на располагање на земјоделците заврши. Земјоделците задоволни, но бараат и дополнителни површини да се стават во употреба. 

Рекоден број на земјоделци се пријавиле на јавниот повик за обработка на државно земјоделско земјиште. Речиси 300 заинтересирани земјоделци поднеле апликација за користење на државно земјиште наменето за обработка на житни култури. На располагање се ставени 6.000 хетари земјиште во 14 региони низ државата на повеќе од 600 целини.

Министерство за земјоделство шумарство и водостопансво

„Како министерство наша цел е да не оставиме ниту една педа земјоделско земјиште не обработено. Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оренжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на замјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.“

Земјоделците задоволни од мерката на Владата на располагање да добијат државно земјишете за обработка. Сепак апелираат да се внимава на локациите каде се дава земјиштето, но и да се направи план за сите закупени површини кои со години не се обработуваат да се стават на располагање на земјоделците.

Нацонална федерација на фармери

„Јавните повици за доделување на земјоделско земјиште се добредојдени ,но треба да се внимава на кои локации се парцелите дали има пристап до вода за наводнување, дали се големи парцели со поголема хектаража или се расцепкани, која класа на почвата е и др. Земјата што е земена од големите земјоделски комбинати и дека дел од неа се обработува но има дел од плодната земја што е дадена под концесија но не се обработува и даjдоа до заклучок дека таа земја треба да се стави во функција и да се произведува храна, било да е тоа житарица или овошје и зеленчук, затоа што со тоа што стои  со години земена земја и необработена губиме сите и државата и земјоделците. “

Војната во Украина го вкучи аларамот на надлежните за дополнително производство на храна, поради ризик на есен да имаме дефицит на одредени производи. Земјоделците постојано апелираа секоја педа земја да се даде на обработка за да можеме да се зголеми домашното производство на храна и да се намали зависноста од увоз.https://denar.mk/265859/ekonomija/makedonija-ekonomija/drzhavara-pocna-so-raspredelba-na-drzhavnoto-zemjishte

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close