fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Пазарен инспекторат затвори пет угостителски објекти

Пет угостителски објекти се затворени во период од 28 декември до 3 јануари. Два од нив биле затворени за време на новогодишната ноќ во Струмица и Битола.

Пет угостителски објекти се затворени во период од 28 декември до 3 јануари. Два од нив биле затворени за време на новогодишната ноќ во Струмица и Битола. Како што информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филипоска Грашковска, споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, зсега бројката е намалена за повеќе од 60 проценти.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги спровел контролите во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и извршил 4652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти.

„Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози“,информира Грашковска.

https://360stepeni.mk/pazaren-inspektorat-zatvori-pet-ugostitelski-objekti/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close