fbpx
Вести

Нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство

zito

Македонија од 1 јуни годинава ќе почне да издава нови фито сертификати за поголема заштита на домашното растително производство.

Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка која ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а покрај основните информации, прикажани на македонски и на уште пет други јазици, имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство.

– Новите сертификати ќе овозможат максимална заштита на домашното растително производство. Испечатени се на 90 грамска хартија и со нив се потврдуваат квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт, истакна директорот на Инспекторатот, Цветан Трипуновски.

Минатата година биле издадени 24.000 сертификати, од кои 20.000 за извоз и 4.000 за реекспорт, што значи дека се извезени 27.712 пратки со вкупна тежина од 360.000 тони, 4.000.000 садници и 6.616 метри кубни дрвен материјал. Лани се реекспортирани и 5.000 видови производи со тежина од 60.000 тони.

– Во текот на 2016 година, во соработка со службите од Руската Федерација, откриена е злоупотреба на 64 фитосанитарни сертификати со кои е направен обид да влезе производ на рускиот пазар, кој не потекнува од Македонија, додека за Белорусија се откриени 117 лажни сретификати и направен е обид за влез на продукти кои не се македонски. Затоа, за да се заштити домашното производство, одлучивме да ги воведеме овие нови фито сертификати, додаде Трипуновски.


 

вечер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close