fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Истражување долго 17 години откри која е најстресната работа на светот

За возврат, малку благодарност

Речиси не постои работа која не е стресна од време на време, а во долгорочна студија научниците открија која работа е најстресна.

Брокер, возач на автобус, воспитувачка во градинка, пилот, доктор, сите овие се работни места кои би можеле да ги замислиме, достојни да го заземат првото место на листата на најстресни работи во светот. Но, најстресната работа на светот е работата на келнер, барем според студијата на Јужниот медицински универзитет во Кина.

Ова е малку изненадувачки, бидејќи тоа е работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот од студијата изгледа убедлив. Келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а факторот на стрес е исклучително висок.

За возврат, тие добиваат малку благодарност и, како тоа да не е доволно, работаното време е  многу нефлексибилно. Конечно, за разлика, од на пример, лекарите, келнерите не се наградуваат со добра плата и признание. Научниците откриле и дека стресот предизвикува многу почесто користење на цигари и алкохол кај келнерите. Долгорочната студија беше спроведена во текот на 17 години со вкупно 136.000 учесници.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close