fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Топлотен бран: Македонија во портокалова фаза

Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафатат земјава денеска и утре.

Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафатат земјава денеска и утре.

На целата територија на државата овие два дена е активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови.

Денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close