fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи најави менување на моделот за субвенционирање

Законот за субвенции во земјоделието е во целосниот пакет на Законот за контрола на државна помош и тоа еден вид на државна помош.

Влегуваме во голема операција на менување на моделот за субвенционирање во земјоделието, но исто така и во воспоставување на алатки за мерење на ефикасност на државната помош, истакна вицепремиерот Битиќи во однос на прашањето дали оваа година ќе се оди на промена во политиката за субвенционирање.

На денешната Конференција на Стопанската комора со наслов „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, вицепремиерот одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи, рече дека не треба да се заборави дека Законот за субвенции во земјоделието е во целосниот пакет на Законот за контрола на државна помош и тоа еден вид на државна помош.

– За жал, тоа што сите го занемаруваме е дека кога веќе еднаш користиме едно добро коешто е дадено од страна на државата ние забораваме дека тоа е добро коешто го користиме по одредена повластена мерка, и тоа е еден вид на државна помош. Тој сегмент го забораваме а притоа велиме дека треба уште поголема државна помош преку субвенции во одредени сектори, но без притоа да гледаме дали по Законот за контрола на државна помош, помошта којашто ја добиваме соодвествува со основните правила коишто се поставени, а тоа правилото на праведност, правичност и соодветна распределба на јавните средства кај сите чинители, истакна Битиќи.

Тој најави дека годинава ќе се влезе во зголемување и поставување на инструменти за мерење на ефикасност на средствата коишто се користат во име на државна помош, затоа што, како што нагласи Битиќи, по сознанијата на анализите за механизмите за државна помош направени од страна на Министерството за финансии и Светска Банка, 20 до 30 проценти од средствата коишто се даваат во име на државна помош се неефикасни.

– Затоа, да, годинава ќе влеземе во зголемување и поставување на инструменти за мерење на ефикасност на средствата коишто се користат во име на државна помош, во коешто може да влеземе и во сегментот на колку средства се даваат во земјоделието наспроти другите сектори, дали за истите субјекти можеби ги применуваат правилата коишто се поставени по Законот за контрола на државна помош, подвлече вицепремиерот Битиќи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close