вестиВино

Три медали од кинеските купувачи за Тиквеш

На годинешниов Чајна вајн енд спиритс (China Wine & Spirits) 2016, во конкуренција од над 5 000 глобални вински брендови, златни медали освоија црвеното тероар вино Барово од бербата од 2013 година и белото вино Александрија куве од бербата од 2015 година, а црвеното вино Александрија куве од бербата од 2014 година доби сребрен медал.

tri medali od kineskite kupuvachi za tikvesh

 

„Остваривме навистина одличен успех во Кина. Фактот што на овој натпревар изборот на наградените вина го прават оние кои ги прават и нарачките не охрабрува дека овие освоени медали ќе имаат големо значење во зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар“, објасни генералниот директор на ВВ Тиквеш Игор Илиевски.

Чајна вајн енд спиритс претставува најголем вински натпревар на азискиот континент каде што изборот го прават вински судии кои се претставници на најголемите увозници на вино, на ресторани, на хотели, на специјализирани продавници и на трговски синџири во Кина.

На овој фестивал со награда се закити и суперлуксузното вино Гранд куве, берба 2013 година, произведено во Винарницата Домен Лепово, освојувајќи двоен златен медал.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close