Трипуновски тврди-во државата е увезено и пуштено во промет канцерогено млеко
Од опозициската партија во прилог на денешното соопштение го објавија и извештајот од лабораториското испитување на трајното млеко за кое тврдат дека е канцерогено, а во кој се наведува дека испитуваниот примерок е не ги задоволува критериумите на бараниот параметар согласно правилникот за безбедност на храна
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека минатата недела во земјава биле увезени над 20 тона трајно млеко од Србија во кое е пронајден афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И покрај тоа, велат од партијата, млекото е пуштено во промет и со тоа може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните.
Ваквите тврдења денеска на прес-конференција ги изнесе Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостпанство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој покажа документ за кој тврди дека е лабораториско испитување кое ги потврдува ваквите тврдења.
„Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Прашуваме, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано афлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба“,
рече Трипуновски на денешната прес-конференција.
Од опозициската партија во прилог на денешното соопштение го објавија и извештајот од испитувањето на трајното млеко за кое тврдат дека е канцрогено, а кое е со рок на траење до 3 февруари 2024 година.
Во извештајот се наведува: „Испитуваниот примерок не ги задоволува критериумите на бараниот параметар согласно правилникот за изменување на правилникот на општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти“.
Трипуновски додаде дека нив стигнала и информација оти надминување на максимално дозволеното ниво на присуство на афлатоксин М1 е детектирано и во сурово млеко во една од поголемите млекари во земјава, објави https://360stepeni.mk/
„АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија. Апелираме до Бабовски наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира. Доколку не знае како, нека си поднесе оставка“,
додаде Трипуновски.