fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Трипуновски за субвенциите – ќе се вложиме во спречување на злоупотреби

Министерот додаде дека целта е парите да стигнат навремено во вистинските раце, т.е. во рацете на земјоделците.

Министерот Цветан Трипуновски вечи дека веќе се работи на програмите за субвенционирање, директните плаќање каде што ќе има одредена модификација се со цел субвенциите да имаат ефект. Со тоа ќе се превенираат и злоупотребите кои во минатото се случувале.

„Ќе има засилени контроли. Веќе разговарав со директорот на Платежната агенција и со директорот на Земјоделскиот инспекторат, капацитетите на Земјоделскиот инспекторат односно инспекторите кои што се во таа институција да се стават дополнително во функција на Платежната агенција, што ќе значи максимално превенирање на злоупотреба на финансиски средства“, потенцираше министерот Трипуновски.

„Ние ќе обезбедиме и зголемена поддршка во наредниот период меѓутоа и максимално ќе се вложиме во затворање на оној т.н. вентил на непродуктивни трошења, злоупотреби во тој дел“, појасни тој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close