fbpx
ВестиТоп вести

Почна бербата на ајварката во пелагониско

 

Почна бербата на ајварката во пелагониско. Отворени се вратите на откупните центри во општина Кривогаштани. Во Пелагонија се произведува најквалитетната пиперка. Оваа година бербата почнува подоцна, бидејќи се доцнеше уште на самиот старт на расадувањето на пиперот, заради временските прилики. За разлика од некои производители од прилепско каде на неколку наврати невремето ко уништи целиот род, производителите од општина Кривогаштани велат дека „куртулиле“ и дека имаат добар род.

Игор Смугрески од с. Обршани оваа година ајварката ја има на површина од 6 декари.

„Почнав со берба и очекувам убав род. Доцниме со една недела, ама квалитет е добар. Целото производство го носам во откупен центар. Денес ги однесов првите количини . Цените се добри.  Да ги однесам на пазар можеби ќе постигнам повисока цена, но не ми се исплаќа да закупам тезга за една година, а ќе ја користам само два месеца. Не можеме како порано да продаваме само одреден период. Прва класа пиперот што се носи во гајби за увоз, се откупува по 26 – 35ден/кг. Прва класа што ќе оди во домашни фабрики, се откупува по 20  – 22 ден/кг, втора класа се откупува по12 ден/кг, додека зелената ајварка се откупува по 20 ден/кг“, вели за Зелена берза Смугрески.

Во споредба со минатата година ги намалил површините под пипер, но сепак очекува род од околу 25 тони

Скоро во сите места каде е започната бербата на пипер , а постои центар за откуп, откупот се одвива непречено без проблем.

„Откупот на ајварката се одвива без проблеми. Цените ги имаме истакнато, исплатата е на трансакциона сметка и најмногу за дестина дена им се исплаќа на земјоделците“, вели еден откупувач кој сакаше да остане анонимен.

Со цел да ги помогне производителите на пипер, државата им дава по 3000ден субвенција по декар и по 3 дена за килограм предаден пипер во домашни фабрики.

Производителите велат дека оваа сезона е подобра од ланската, но сепак од година во година се намалуваат површините под пипер. Велат дека на младите им здосадило земјоделието и бараат  работа по фабриките.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close