fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трошоците на живот во август со раст од 1,3 отсто на месечно, а 16,8 проценти на годишно ниво

Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 процент.

Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало  за 0,6 отсто.  Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти, а цените на мало за 14,2  проценти.објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти, месото за 2,5 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 проценти, пивото за 1,2 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 проценти.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 проценти, централното греење за 14,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4 проценти, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6,4 проценти, другите печатени материјали за 5,8 проценти, рестораните, кафулињата и слично за 3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 2,8 проценти, патниот патнички транспорт за 2,6 проценти, производите за домаќинставата-нетрајни за 2,5 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,2 проценти, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,8 проценти, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,5 проценти, моторните возила за 1,4 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,9 проценти, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,8 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0,3 проценти, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 процент.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close