fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Тутунарите пак се закануваат со нови протести, не се задоволни од помошта од петтиот пакет мерки

„За нас само трошките од големиот колач“, критикуваат тутунарите на Фејсбук

Тутунарите коментираат на социјалните мрежи дека не се задоволни од пакетот мерки што Владата денеска ги објави за нив, во висна од 307,5 милиони денари.

Така тутунарот Гоце пишува- За нас само трошките од големиот колач.

Садетин пишува -Пак тутунарите ништо не добиваат, им земаат од 60 до 90 денари им даваат по 10 денари.

Незадоволство има и кај Иницијативниот одбор кој вчера беше на преговори со министерот Хоџа и откупувачите.

-Да му биде јасно на премиерот со оваа сума ако мисли да го амортизира незадоволството ќе згреши. Дополнително ќе го крени револтот. Предадовме конкретни решенија да не се мачат. Има пари да се зголеми субвенцијата за да дојди по оолу 30 до 35 денари по килограм тутун. Решете го ова дури не се вратиле тутунарите на протест. Овој пат ќе нема нзад, пишува Игор Мирчески.

Премиерот Зоран Заев на пресконфернција рече дека од петтиот пакет мерки 307, 5 милиони денари ќе одат на сметките на тутунарите.

-Министерот за земјоделие и неговите тимови најдоа начин  да помогнат на тутунарите кои што оваа година се погодени од кризата. Трите изминати години беа одлични, но оваа година пандемијата си го направи своето и во оваа значајна земјоделска дејност. Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничувањата во превозот и трговијата како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки  на светско ниво. Вредноста на оваа мерка е 307,5 милиони денари за 2021 година, порача премиерот Заев.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close