fbpx
Вести

Тутунот од ланската берба во целост ќе се откупи

Тутунот на производителите кои склучиле договори со Струмица – Табак ќе се откупи. Надлежните најавија решение на проблемот кој се јави откако откупот во откупниот центар на оваа фирма во Карбинци беше стопиран, што во неизвесна ситуација доведе дваесетина производители, кои склучиле договори за откуп со оваа компанија.

Онаму каде откупот тече нормално и без застој, се прават списоци за исплата на субвенцијата од едно евро за килограм предаден тутун, кој ќе биде доставен до Платежната агенција.

Годинава во штипско откупот стартуваше навреме. И двата откупни центри во Карбинци ги запазија роковите. И покрај квалитетот и откупните цени, од кои задоволни се и тутунарите и откупувачите, годинава во штипско ќе се откупи помалку тутун, бидејќи се намалија површините под тутун, а повеќе од половината тутунари се откажаа од производство.

tutunot od lanskata berba vo celost kje se otkupi

 

Прилепски тутунопроизводители, кооперанти на кавадаречкиот откупувач Алијанса, реагираат дека се вршел откуп по нерегуларни цени. Велат тутунот им се проценува дури за една класа подолу од реалната.

Сојузот на тутунски здруженија на Македонија, 8 лиценцирани откупни фирми, вршат регуларна проценка. Но, Алијанса одеднаш ја сменила откупната линија.

Директорот на Инспекаторатот за земјоделство, Цветан Трипуновски, вели дека нема информација за нерегуларности во откупот. Но, истакнува дека сите укажувања на тутунарите и Сојузот се земаат во вид и дека се врши дополнителна контрола, иако на сите 143 откупни пунктови во државата, секојдневно се следи регуларноста на проценката на родот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close