fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

УХМР во соработка со Аероклуб Скопје, редовно ја мониторира временската состојба и дејствува на целата територија на државата

Соопштение од Министерството за земјоделство

Во текот на вчерашниот ден, нашата држава беше зафатена од нестабилни временски услови со можност за појава на град во повеќе региони. Централниот дел од Пелагониската котлина беше зафатен од јака нестабилна воздушна маса, а исто така и Кичевскиот регион и Битолско – Демирхисарскиот. Со цел да се спречи појава на град и да се намалат последиците од временската нестабилност, изврешено е авионско засејување на градоносните облаци во сите три региони, се вели во соопштението од МЗШВ.
УХМР во соработка со Аероклуб Скопје, редовно ја мониторира временската состојба и дејствува на целата територија на државата, со употреба на три воздухоплови кои можат истовремено да делуваат во различни региони, секаде каде има потреба за заштита на земјоделските површини од појава на град.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close