
Агро бизнисВестиТоп вести
Унапредување на земјоделските пазари во Македонија – проект со вкупен буџет од околу 840.000 евра
Трипуновски објави дека денеска официјално започнува проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“,
Министерот Цветан Трипуновски објави дека денеска официјално започнува проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“, кој се реализира со поддршка на Европската Унија во рамки на IPA 2021 програмата, со вкупен буџет од околу 840.000 евра и времетраење од 24 месеци.
-Целта на проектот е зголемување на пазарните можности, економски развој и продуктивностa, како и подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор во согласност со правото на ЕУ.
Со овој проект се овозможува јакнење на капацитетите на надлежните институции за планирање, спроведување и следење на политиките поврзани со организацијата на пазарите.
Особено значаен сегмент е поддршката за развој и признавање на организации на производители.




