fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почна жетвата на оризот, производителите незадоволни, на 11 октомври ќе штрајкуваат

Откупната цена е од 22 до 25 денари и е пониска за два денари од производствената цена.

Жетвата на оризот е во полн ек, а оризарите најавија дека на 11 октомври, наместо да празнуваат, повторно ќе протестираат.

Незадоволни се поради тоа што на последната средба во Министерството за земјоделие не е најдено решение за нивните проблеми, пред се, со откупната цена на арпата и белиот ориз.

Разочарани и револтирани велат дека и годинава нема да имаат ќар.

Откупната цена е од 22 до 25 денари и е пониска за два денари од производствената цена.

Според пресметките на оризопроизводителите трошоците за жетва се зголемени од 30 до 40 отсто во споредба со лани. Првите ожнеани ниви дадоа просечна реколта.

На средбата во министерството е побарано оризот да стане стратешка култура, а 1/3 од годинашната реколта да биде откупена за стокови резерви, меѓутоа, оризарите тврдат дека, добиле само ветувања кои до сега не се реализирани.https://novamakedonija.com.mk/

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close