fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

(Видео) Трипуновски: 7 милиони килограми тутун ќе останат неоткупени

Тој нагласи дека дополнителен проблем за тутунарите е тоа што тутунот го предале по историски најниски цени.

Поради  лоши политики во земјоделството, 7 милиони килограми тутун ќе останат неоткупени, а со тоа егзистенцијата на илјадници семејства виси на конец. Хибридниот режим удира врз секоја гранка на економијата, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминатиов период алармиравме дека со дозволата за увоз на тутун ќе се наруши домашниот биланс и дека ќе се јават проблеми при откупот. Но, надменоста на СДСМ не дозволи да нè послушаат и за личен профит им ја загрозија егзистенцијата на илјадници семејства во Република Македонија. Во сите тутунарски региони во државата има пријавено некаде над 7 милиони килограми недоговорен тутун за кој директна вина носат Владата на СДСМ и МЗШВ бидејќи замижеа кога им се намалуваа договорите на тутунарите. Со оваа динамика на откуп најголем дел од тутунот ќе остане неоткупен“, изјави Трипуновски.

Тој нагласи дека дополнителен проблем за тутунарите е тоа што тутунот го предале по историски најниски цени. А оној што ќе остане, во огромен дел нема да може ниту да го продадат.https://makfax.com.mk/ekonomija/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BF%D1%83%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close