Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уште еден земјоделец настрада од сопствениот трактор

Кавадарчанец вчера се здобил со тешки повреди откако го стартувал тракторот додека стоел покрај него и бил прегазен во својот двор.

Кавадарчанец вчера се здобил со тешки повреди откако го стартувал тракторот додека стоел покрај него и бил прегазен во својот двор.

Несреќата се случила околу 20 часот, а повредениот Р.М. бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Според соопштението, мажот, на 75-годишна возраст, го стартувал тракторот додека стоел покрај него, по што возилото се придвижило и го прегазило.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button