
Уште за 73 тутунари се изготвени решенија за исплата на субвенциите, соопштува Платежната агенција
Агенцијата упатува јасна порака: Сите тутунопроизводители кои ги исполнуваат законските услови ќе ги добијат своите субвенции. Веднаш штом ќе завршат тековните контроли на Државниот инспекторат и каде што нема да бидат констатирани нарушувања на законот и злоупотреби, Агенцијата сукцесивно ќе ги исплаќа преостанатите средства. Институциите нема да дозволат исплата на народни пари за фиктивни пријави на штета на чесните тутунопроизводители.
Од 15 јуни до денес, 73 лица ги подмириле своите долгови кон државата. За нив веќе се изготвени решенија за исплата и средствата ќе им бидат префрлени во текот на следната недела, соопштува Платежната агенција.
Соопштение-
Агенцијата со прецизни бројки: Исплатени 99% од тутунопроизводителите за реколта 2025, за останатите се спроведуваат дополнителни законски контроли.
Поради зачестените дезинформации и обиди за манипулација во јавноста околу наводнтата селективна исплатата на субвенциите за тутун за реколта 2025 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја информира јавноста за точниот статус на обработка и исплата на барателите.
Од вкупно 15.286 баратели констатирани и доставени на списоците од страна на откупните претпријатија, Агенцијата уште на 8 јуни достави до трезор налози за исплата за 15.144 баратели. Овие средства се целосно реализирани преку трезор и исплатени на соодветните сметки на 15 јуни 2026 година.
Зошто не се исплатени преостанатите 142 баратели?
Агенцијата работи строго по закон, а не селективно и за поединци. Останатите 142 баратели кои во првиот бран не се исплатени, се наоѓаат во една од следниве три правно-административни процедури:
- Должници кон државата односно лица кои имаат неплатени обврски за водарина, пашарина и закуп за државно земјоделско земјиште.
- Несовпаѓање при теренска контрола на баратели кај кои е констатирана злоупотреба на системот, односно разлика помеѓу засеаната и пријавената површина од над 50%.
- Сомнеж за пријавени наводно фиктивни количини кај 51 барател каде се пријавени енормно големи количини на откупен тутун, за кои е добиена дојава за сериозна злоупотребна и фиктивна пријава. Овие предмети се веќе доставени до Државниот инспекторат за дополнителна контрола и проверка.
Процесот на исплата продолжува за сите оние кои ги отстрануваат пречките:
Од 15 јуни до денес, 73 лица ги подмириле своите долгови кон државата. За нив веќе се изготвени решенија за исплата и средствата ќе им бидат префрлени во текот на следната недела.
Агенцијата упатува јасна порака: Сите тутунопроизводители кои ги исполнуваат законските услови ќе ги добијат своите субвенции. Веднаш штом ќе завршат тековните контроли на Државниот инспекторат и каде што нема да бидат констатирани нарушувања на законот и злоупотреби, Агенцијата сукцесивно ќе ги исплаќа преостанатите средства. Институциите нема да дозволат исплата на народни пари за фиктивни пријави на штета на чесните тутунопроизводители.




