fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Успешно реализиран проектот “Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија”

Со конкретните резултати кои излегоа од овој проект како што се Законот за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, правилниците, акти и подзаконски акти, сме чекор поблиску до усогласување на нашето, со законодавството на ЕУ.

Проектот “Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија” по 10 месеци интензивна работа е конечно затворен.
На денешниот завршен настан се осврнуваме на придобивките и резултатите од овој проект кој се од големо значење за МЗШВ но и за целата држава. Со конкретните резултати кои излегоа од овој проект како што се Законот за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, правилниците, акти и подзаконски акти, сме чекор поблиску до усогласување на нашето, со законодавството на ЕУ.
Упатувам голема благодарност до Делегацијата на ЕУ, за несебичната поддршка, која ја добиваме изминативе години, како и до целиот тим кој даде личен придонес за успешно завршување на овој проект, а со тоа и значаен придонес за унапредување на состојбите во рибарството и аквакултурата, објави министерот Љупчо Николовски на ФБ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close