Утре ќе се одржи четвртата регионална работилница за консолидација на земјоделско земјиште

Четвртата регионална работилница за консолидација на земјоделско земјиште ќе се одржи во Штип (Хотел Изгрев), утре, 14 ноември, 2017 година (вторник), со почеток во 12:30 часот.

Работилницата ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на проектот “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште (MAINLAND)”,финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО).

После идентификувањето на регионите во државата каде што е потребно и можно да се реализираат постапките на консолидација на земјиштето, министерството е насочено кон подобрување на информираноста на јавноста, потенцијалните корисници на политките и останатите учесници во процесот, како и кон идентификација на областите каде во следниот период ќе започнат нови проекти на консолидација на земјоделското земјиште.

На работилницата ќе се кажува за стратешките цели на политиката за консолидација на земјоделско земјиште, деталите околу одвивање на процесот и претстојната селекција на најпогодни области за новите консолидациони проекти.

Вакви работилници веќе се одржаа во Гостивар, Битола и Струмица.

Share Button