
Агро бизнисВестиТоп вести
Малолетник и двајца возрасни се тешко повредени во сообраќајка на патот Меџитлија-Старавина
На регионалниот пат Меџитлија-Старавина, во близина на Елешка река, се случила сообраќајна несреќа
На 06.07.2025 во 11.41 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија-Старавина, во близина на Елешка река, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(40) од Битола и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(73) од с.Гермијан, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле С.К. и неговиот 14-годишен сопатник, а со телесни повреди се здобила Т.Ѓ., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.