fbpx
Вести

Промовирана регионална органска интернет-платформа

organska hrana

Органските производители треба да вложат повеќе труд и знаење за да ја направат органската храна што подостапна, бидејќи во регионот и натаму е предизвик платежнатамоќ на потрошувачите.

Органските производители треба да вложат повеќе труд и знаење за да ја направат органската храна што подостапна, бидејќи во регионот и натаму е предизвик платежната моќ на потрошувачите, беше еден од заклучоците на завршната работилница на проектот за јакнење на капацитетите на Мрежата за органско производство на Југоисточна Европа (SEEON).

Мрежата е основач на регионалната интернет-платформа seeon.org, која беше промовирана на 29 март. Целта на платформата е да овозможи развој на органското производство во ЈИЕ преку размена на информации меѓу различните чинители во органското производство во земјите од регионот. Платформата ќе овозможи секој производител да креира свој профил и да биде достапен на национално и на регионално ниво. Ќе има и информации за тоа каде може да се купи органска храна и по која цена, новини од секторот, а предвиден е и т.н. органски советник со повеќе интернет-алатки за самоедукација на земјоделците.

Еден од иницијаторите и основачите на SEEON е Федерацијата на производители на органски производи на Македонија, која раководи и со националната платформа SEEON – Македонија. Платформата е изработена со поддршка на германското друштво за меѓународна соработка.

Органското производство е поевтино од конвенционалното, но недостига знаење како да се применат соодветни техники за да може да се произведе поевтино. Знаењето мора да биде локализирано. Тоа што се применува во Африка или во Германија, не значи дека ќе биде успешно и тука, истакна Горан Ангеловски, извршен директор на Федерацијата на производители на органски производи.

Според Валентина Митева од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во 2016 година биле евидентирани 533 органски производители.


 

иновативност.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close