fbpx
ВестиЛов и риболов

Вардар збогатен со 1.500 пастрмки

Со 1.500 парчиња македонска ендемична пастрмка се збогатени водите на реката Вардар. Порибувањето беше направено кај хотелот „Александар палас“, а го организираа Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државниот земјоделски инспекторат и Министерството за животната средина и просторно планирање.

vardar zbogaten so 1 500 pastrmki

 

Од Градот објаснуваат дека Одделението за туризам го планира и реализира порибувањето на реките Вардар и Треска и езерото „Матка“.

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на висококвалитетен рекреативен и спортски риболов.

Проектот за порибување ќе продолжи и идната година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close