fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Широк Сокак во Битола, архитектонски бисер што пропаѓа

Во бројки кажано, 136 објекти во Битола се ставени под заштита на државата,  а нивната состојба е сѐ поочајна.

Битола-Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство Пренесува  https://www.facebook.com/

Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, објекти покрај реката Драгор, а да не зборуваме за голем број разурнати и оштетени дуќани во Старата битолската чаршија.

Во бројки кажано, 136 објекти во Битола се ставени под заштита на државата,  а нивната состојба е сѐ поочајна. За нив сѐ помалку се грижат приватните сопственици, а рака не подава ни државата.

Битолчани од секогаш велат дека привилегија е да се има куќа и дуќан на Широк Сокак, а уште повеќе да се живееш во срцето на градот.

 

 

Но, за жал, прошетката низ Битола, особено по корзото и крај старите архитектонски бисери, вознемирува и разочарува, оти како поминуваат годините, објектите сѐ повеќе, а впечатокот е дека работите се оставени на стихијата.

1

Дел од куќите заштитени со закон се на државата, но повеќето се во приватна сопственост. Но, на прсти се бројат сопствениците кои вложуваат во обнова и одржување на објектите прогласени за културно наследство. Она што најмногу боди очи, како канцерогено ткиво, е објектот на киното „Македонија“, за чие реновирање се чека повеќе од две и пол децении. Грдотијата и руината се покриваат со рекламни плакати.

Во времето кога премиер во државата беше Љупчо Георгиевски (1998-2002) на Широк Сокак се обновија многу фасади, проектот продолжи и неколку години подоцна, а од тогаш досега сликата за шетачката зона се менува на полошо.

4

Ако тргнеме од долниот дел на Широк Сокак нагоре, од Офицерскиот дом кој се обнови и лани се пушти во употреба, со средства од европските фондови и Општина Битола, малку се објекти во приватна сопственост што се реконструирани и им е продолжен векот. Една од куќите која последно се реконструираше е поранешниот дом на битолската фамилија Хололчеви. Куќата е комплетно реновирана откако ја купи познат битолски бизнисмен и служи за комерцијални цели. Фасадата на куќата од Хололчеви сега го „грее“ Широк Сокак и е убав пример за епитетот на конзулска и космополитска Битола.

Само малку погоре, пред 15 години, од страна на сопственикот обновен е и објектот познат како „Клуб за офицери“, во кој е сместен турскиот бренд за облека „Ваикики“. Пред речиси дваесетина години се обнови и куќата до новоизграденото Кино „Манаки“, а малку погоре и прекрасниот објект кој битолчани го препознаваат како домот на Елени Каринте, љубовта на Кемал Ататурк.

Вината за пропаѓањето на голем дел на објектите на Широк Сокак Шундовски најпрво се лоцира во приватните сопственици, а и во индолентниот однос на државните институции кои стопанисуваа со дел од нив.

6

Дел од дуќанџиите на Широк Сокак забележуваат дека плаќаат висока кирија за дуќаните, но сопствениците на објектите не вложуваат ни за една шајка.

Најголем дел од сочуваните објекти во Битола кои се ставени под заштита се од исламскиот период, најстарите од 15-16 век, додека пак објектите на Широк Сокак се најбројни од крајот на 19. век и почетокот на 20. век. Нивниот лик се менувал со текот на времето, почнувајќи од Првата светска војна, па сѐ до денес.

Автор Анета Блажевска

 

15

9

реновирана 1

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close