fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

ВАЖНО!!!Земјоделци, од денеска аплицирајте за субвенции за 2023 година

Од денес започнува периодот за поднесување на барања за директни плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството 2023, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

Од денес започнува периодот за поднесување на барања за директни плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството 2023, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски .
Електронското аплицирање е отворено до 30 Јуни.
Апликациите се поднесуваат преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html… директно или со асистенција од операторите во подрачните единици при МЗШВ.
За повеќе информации поврзано со аплицирањето, видот и висината на финснсиската поддршка посетете ја www.ipardpa.gov.mk

Се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,

– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство, а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачната единица на Битола

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close