fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Мирчески-Министерот Николовски без мраз ги излизга производителите на жито и житни култури

Кој ќе ни ја доплати разликата во цена од откупната до производната за житото???

Игор Мирчески, координатор на новоформираните земјоделски здруженија со реакција на последните случувања со откупот на житните клутури.

 

Министерот Николовски без мраз ги излизга производителите на жито и житни култури. Тој отворено повикувајќи ги земјоделците да го зголемат своето производство под овие култури за да на државата и се обезбедат доволни количини на жито и брашно и да биде што помалку зависна од увоз,заборави да им каже на земјоделците и дека планира производството да им се земе за без пари.

Со оглед на моменталната откупна цена на јачменот и пченицата од околу 10тина денари, очигледно цел повик на министерот бил само за да му обезбеди евтина суровина на откупувачите и мелничарите, а не и за да имаат земјоделците некој ќар од кој ќе ја хранат фамилијата. Министерот успеа свесно да ги втурне земјоделците во поголемо и скапо производство кое сега земјоделците го продаваат со загуба не покривајќи ја ниту производната цена.

Затоа прашуваме: Министер, кој ќе ни ја доплати разликата во цена од откупната до производната која според агроекономистите од Земјоделскиот институт во Скопје изнесува 19 денари?

Министер, ако мислите дека ќе се исперете со милостина од дополнителни 2-3 денари по килограм кои ќе бидат исплатени којзнае кога, искрено ви кажувам дека се лажете! Нам ни треба ЦЕНА министер, ЦЕНА ни треба за секој земјоделски производ, најпрво производна цена која ќе ја одредат релевантни институции во државата и истата зголемена за најмалку 25%(ако не го знаете тоа,прочитајте што пишува во законот за земјоделство- член 40). Бидејќи преку глава ни дојде од производство со загуби и НЕГАТИВНА нула, или ќе заработуваме и ние како нормалниот свет или ќе го прекинеме комплетното земјоделско производство. ОВА НЕ Е ЗАКАНА ОВА Е ВЕТУВАЊЕ!!! ЗАТОА СВЕСТЕТЕ СЕ.

СО ПОЧИТ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close