ВИДЕО СОВЕТИ: ТИКВИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ОДГЛЕДУВАТЕ ВО БАВЧА, НО И ВО САКСИЈА

Кои тикви се најзастапени на овие простори, за што се можат да се употребат, кога и како се садат и одгледуваат, објаснува дипломираниот инжинер Владимир Милутиновиќ. Со неговите практични совети, сигурно ќе уживате во плодовите на овој корисен и вкусен растителен вид.

Во народот постои изрека „Пукна тиквата“, која се однесува за луѓе кои биле многу блиски, а потоа се скарале. Ја има и онаа изрека која вели: „Кој со ѓаволот тикви сади, во глава му се чукаат“, која се користи кога се сака да се истакне дека секоја „нечиста“ работа се завршува лошо. Зошто баш тиквата е избрана како главен мотив во овие поговорки, веројатно ќе знаат да објаснат постарите. А тиквата, ни крива, ни должна, всушност е многу корисно растение.

Пролетта е вистински момент за сеење на семето како во саксиите, така и во бавчата. Меѓутоа, за време на сеењето на семето во бавчата, во текот на пролетта, земјата не е доволно загреана, што може да доведе до тоа семето многу долго да рти, а понекогаш дури и да пропадне.

Тиквите сакаат топлина 

Тиквите, сакаат висока температура на ртење, поради што потребно е сеењето на семето да се остави за подоцна. Затоа е најдобро тоа да биде на средината на мај.

Доколку сакаме да се заштитиме од пропаѓање, семето можеме да го посееме во саксии кои ќе ги чуваме во затворен простор. На тој начин, растенијата ќе созреат и до 15 дена порано во однос на класичните видови кои се сеат во бавчи.

Дулек тиква – за пити, прсти да излижеш

Кај нас се застапени неколку видови од семејството тикви. Многу познат вид е зимската тиква, т.н печенка. Тоа е вид, кој традиционално се одгледува за подготовка на деликатеси, слатки и колачи, а пред се пити. Во поново време, различни видови тикви се користат во кулинарството, за различни јадења. Плодот дулек содржи големи количини шеќер, додека семките се вистинска енергетска бомба.

За време на садењето на овој вид тиква, потребно е да се предвиди широко место на кое ќе се одгледуваат. Така, можеме да посееме само неколку растенија и да имаме доволно плодови, за цело семејство.

Сеењето на семето е многу едноставно. Семките се многу крупни и може да се посеат во саксии по две или три. Подоцна ќе ги преместиме во бавча и ќе издвоиме за нив и десетина квадрати, каде ќе растат и ќе дадат голем број плодови.

Мускатна тиква – отпорна на гниење

Многу слична на обичната тиква, односно на дулекот е мускатната тиква, сорта која исто така се користи во исхраната, затоа што нејзиното месо е исклучително слатко и многу згодно за употреба. Семето на мускатната тиква е нешто поситно од семето на дулекот. Тоа е многу отпорно на гниење, така што може да се посее директно во бавча, дури и кога е поладно.

Тоа е растение кое не бара многу место за одгледување, затоа што не е така јака и инвазивна. Но, за нејзино одгледување, неопходно е хранливо земјиште.

Украсна тиква – наместо бокал

Исто така, многу познат вид тиква кој кај нас се одгледува традиционално е украсната тиква, која се сретнува под повеќе имиња, меѓу кои и тиква садовница. Таа кај нас може да се одгледува не само како градинарски вид, туку можеме да ја посадиме во саксија или да ја чуваме во градина. Овој вид припаѓа на групата лазачи, што значи неа и е потребен потпирач и може да лази со одредена потпора. Затоа може да биде добра сенка, ако се одгледува на тераса.

Оваа тиква може да се посее со директна сеидба во саксија во текот на април, после што ќе рти после 7 дена. Првите плодови ќе се појават во јуни и јули. Таквото растение бара многу вода и сонце. Нејзините плодови подоцна можат да се исушат и да се користат како сувенир. Порано исушениот плод од оваа тиква се употребувал за точење ракија, вода или некои други течности.

Најдобри видови тикви за различни јадења

Покрај тоа што различни украсни тиквички можат да го разубават изгледот на терасата, балконот или бавчата, постојат и оние кои се користат исклучиво во исхраната. Сите знаеме дека се исклучиво популарни видовите кои често ги користиме во јадењата.

Тиквите имаат исклучителна хранлива вредност, а мора да се одгледуваат само во оној дел од годината кој е доволно топол. Интересно е дека плодот од некои тикви може да се чува и до 6 месеци после собирањето.

Сеидба на тиква

За време на сеидбата, на било која од наведените тикви потребно е да се подготви квалитетен супстрат. Секако – хумус, а по можност и прегорено ѓубриво во кое ќе поставиме околу три семки кои ќе ртат.

Сеењето на семките од тиква, многу едноставно се одвива, со поставување на семки на длабочина од два до три см. Семката е доста голема и бара многу влага, за да може да рти. Дури после 15 дена, ќе ги имаме првите котиледони, кои ќе се појават над саксијата. Потребно е да се почека две до три недели, со цел растението да формира вистински лист и тогаш е вистинско време за растението да се пренесе во градината, со цел да се посади.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=8aMisXy6UjE

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Share Button