fbpx
ВестиТоп вести

Вкусот на традицијата живее

Вкусот на традицијата живее

Вкус до вкус, сите оригинални, автентични споени во нашата традицијата, која постоела,  живее и се пренесува од генерација на генерација. Ќе продолжи и понатаму да живее  и да се промовира со ентузијастите кои на нашите простори ги има многу. Преку „Незаменливиот вкус на традицијата“, манифестација што ја организира  ЗЕЗ Зелена берза Битола , се дава придонес во зачувувањето на нашите традиционални вредности од заборав. За оние што сакаат да уживаат во овие вредности утре 24 октомври  дестинацијата е Хотел Премиер (Лавчански пат) Битола со почеток од 11 часот.

Таму ќе бидат: „Силата на баба“  од Новаци која секогаш се грижи вкусовите да стигнат таму каде треба, крушевскиот локум и целувки, дојранското слатко од диви смокви,виното ракијата и маџунот на Семејните винарии  од Тиквешијата, најдоброто од Росоман ајварот и лутенката, пчелините производи од Пчеларникот БН од Дихово, најубавото сирење од Ниже поле, биеното сирење од од Мало Коњари,производите на новите генерации што се темелат на традиционални производи како што се „Макалото на Десе“ и Намазот од путер од Лешник Леска од Струга, преспанските циронки од с.Арвати, јаболката од Волкодери, домашни колбаси на крушевски начин, корите на Ла паста Тина, производите на најстарата организација во државата Организација на жени Битола, јадења од кујната на Сандра, познатата Буковска пипер и уште многу изненадувања кои ќе бидат празник за сите сетила.

Ве очекуваме

ВашаЗелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close