fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата на Србија воведува ДАНОК НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Сакаат да го заштитат домашното производство од прекумерен увоз

Србите сакаат да го заштитат домашното производство од прекумерен увоз

Србија воведува доплати за увоз на млеко и млечни производи, со цел да се заштити домашното производство од прекумерен увоз.

Како што рекоа во Здружението на млекопроизводители од областа Мачван, по неколку средби со министерката за земјоделство, Јелена Танасковиќ, државата одлучила да воведе увозни даноци.за полнење на домашните пакувања, а на српските сточари им ја намалија откупната цена на млекото.

Инаку, увозното млеко од Полска го преплави српскиот пазар. Одредени големи производители го користеа за полнење на домашните пакувања, а на српските сточари им ја намалија откупната цена на млекото.

– Со нашите настапи и барања констатиравме дека приоритет над сите приоритети е заштитата на домашното млекопроизводство, бидејќи го допревме дното – изјави Горан Васиќ, претседател на Здружението. – Тоа е изнудена одлука, но најдобра можна во овие околности, а министерството и владата ја имаат нашата целосна поддршка за нејзино спроведување. Тоа е најдобрата можна одлука по забраната за увоз на млеко, која во моментов е неостварлива. Домашниот пазар е преполн со млечни производи кои се нелојална конкуренција на домашните.

Извор https://www.novosti.rs/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close